Во Скопје, од почетокот на пандемијата со Ковид 19 има регистрирано вкупно 685 заболени од кои во моментот 178 се активни, покажуваат официјалните статистики на министерството за здравство.
Како што објавува „Фокус“ од вкупниот број на заразени од ковид 19 во Скопје, дури 390 заболени граѓани се од шест скопски општини и тоа 98 се од Аеродром, 70 од Карпош, 63 од Чаир, 41 од Сарај, 84 од Гази Баба и 34 од Бутел.
Повеќе настани, повеќе семејни настани се случија во меѓувреме и од таму излегоа нови пациенти, но, во основа е истиот механизам на таков респираторен близок контакт, за жал непочитувајќи ги мерките кои се сега во сила, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Претходно, имаше дури 21 заразен од семејна вчера во скопски Сингелиќ, додека вчера пак седумина беа заболени од иста фамилија во Аеродром.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.921, бројката на оздравени пациенти е 1.387, на починати е 112, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 422.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.