Градот Скопје информира дека од утре, 31 август, со почеток од 8 часот, до недела, 1 септември, до 8 часот за сообраќај ќе биде затворен булеварот Крсте Мисирков, на потегот од клучката Бит-пазар до крстосницата со булеварот Гоце Делчев, во насока кон центар (страната кај Бит-пазар). Поради тоа, сообраќајот ќе се одвива преку клучката Бит-пазар, булеварот Александар Македонски, улицата Беласица и булеварот Гоце Делчев.
Исто така, утре ќе се врши асфалтирање со завршен слој на булеварот Кочо Рацин и тоа на потегот од раскрсницата со булеварот Кузман Јосифовски Питу до раскрсницата со улицата Свети Кирил и Методиј, во насока кон центарот. За таа цел, оваа коловозна лента ќе биде затворена за сообраќај 24 часа. Автобускиот превоз ќе биде пренасочен кон булеварите Крсте Мисирков, Гоце Делчев и Филип Втори.
Градот Скопје апелира до граѓаните да го почитуваат воведениот привремен сообраќаен режим и поставената патна сигнализација и да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.