Општина Аеродром и ЈП „Комунална хигиена“ ќе реализираат акција за собирање кабаст отпад почнувајќи од петок, 19 април до среда, 24 април.
Акцијата ќе ги опфати следниве локации:
1. Паркот во Мичурин кај трафостаницата
2. Улица „23 Октомври“ бр. 9
3. ТЦ „Три бисери“ спроти кафеана „Пајтон“
4. Улица „Коста Новаковиќ“ бр. 48
5. Зад ТЦ „Бисер“ (зад зграда бр. 74)
6. Улица „Јане Сандански“ бр. 65
7. Улица „АСНОМ“ бр. 68 и 72 (стара Стела)
8. Ново Лисиче – парк „Нинберг“
9. Ново Лисиче ‒ ул. „АСНОМ“ бр. 158 во близина на градинката „Буба Мара“
10. Реонски центар „Аеродорм“ во близина на КАМ маркет
11. Населба Лисиче – кај трговскиот центар
12. Улица „Тодор Чангов“ – автобуска постојка бр. 17 (претпоследна) меѓу улиците 44 и 48 (кошаркарско игралиште)
Ги молиме граѓаните кабастиот отпад да го ставаат во специјалните контејнери за оваа намена што ќе бидат поставени на наведените локации, со цел да ја зачуваме чиста нашата животна средина.
Под кабаст отпад се подразбира мебел и делови од мебел, бела техника, електрични апарати за домаќинство (шпорети, ладилници, машини за перење алишта и садови, бојлери и слични предмети), електронски апарати (компјутери, телевизори, музички системи и сл.), но не и градежен шут.
Општина Аеродром ги повикува граѓаните да го остават кабастиот отпад пред своите домови доколку живеат во куќа, или до најблискиот контејнер, по што екипите ќе го соберат отпадот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.