Kога угостителите од цела држава протестираа за отворање на нивните објекти, од Независната угостителска комора не дадоа поддршка за своите колеги и не излегоа на протест. Напротив, застанаа во линија со власта, а не со угостителите, кои всушност и треба да ги застапуваат. Апсурдна ситуација, но не и ако се знае дека се приврзок на власта, основани и под негова команда од поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов.
НУК ги пушти низ вода угостителите кога им беше најмногу потребен, жртвуваа цела фела, за на крај неколку кафанџии блиски до врвот да добијат тендер од Град Скопје за репрезентации непосредно пред изборите. Неизлегувањето на улица одредени три субјекти си го наплатија со тендер од над 2 милиони денари.
Сега НУК влегува во нова ролја, борба со Данела Арсовска, новата градоначалничка на град Скопје, која спротивно од Шилегов, не им дава тендери или ваучери за такси превоз, најавувани од Шилегов, но како и секое негово ветување – завршени само што завршила прес-конференцијата.
Нема пари нема музика, но затоа има напад под диктат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.