Oд Општина Аеродром на „Фејсбук“ реагираат на веста дека започна изградбата на џамија во Горно Лисиче. Според нив, информациите се неточни.
Не само што не се гради џамија или некој друг верски објект, туку нема ни предвидено изградба на нови верски објекти во деталните урбанистички планови за целата територија на Општина Аеродром. Исто така, инспекциските служби на Општина Аеродром се константно на терен и спречуваат диви градби на нејзина територија, стои во реакцијата од Општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.