Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски преку социјалните мрежи информира дека од идната 2022 година за секое новороденче во општината ќе бидат доделени по 5.000 денари, што беше дадено како ветување за време на изборите.

Од 01.01.2022 година секое семејство кое ќе има новороденче, ќе добие еднократна парична помош од 5000 денари. Ќе се доделуваат 5000 денари за секое ново родено дете, средства од буџетот на општина Гази Баба, пишува Стефковски на Фејсбук.

Ваква слична мерка за доделување на 8.000, односно 6.000 денари за новороденче има и во општина Аеродром, како и во општина Кисела вода.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.