Заменик-градоначалникот на Скопје Енвер Малиќи починал од компликации предизвикани од вирусот ковид 19.

Малиќи починал на една од приватните клиники во Скопје каде што бил хоспитализиран поради други здравствени проблеми.

Малиќи беше сопственик на фирмата „Гемак трејд“ и советник во Советот на Град Скопје од редовите на ДУИ, а градоначалникот Петре Шилегов лани во ноември, го именуваше за заменик-градоначалник на Скопје.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.