Петре Шилегов ги загуби изборите за Скопје, ама си постави лифт за време на изборната кампања во својата дивоградба, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Посочува дека вградување на лифт во четирикатница, чини колку двегодишни градоначалнички плати во Град Скопје.
Шилегов поставил лифт од луксузните гаражи за луксузните возила до дивоградбата на четвртиот кат. Скопје пропаѓа, додека Петре Шилегов во 4 години изгради вила од 300м2 на Маврово, има нови возила во вредност од 130.000 евра, а семејната куќа ја претвори во зграда од 4 ката на диво, без дозвола за градба. Се тоа со градоначалничка плата. Фирмата на Петре Шилегов, барем според податоците за приход, е на раб на банкрот, на пример во 2019-та година имала ќар од само 5.000 евра. Скопје пропаѓа, а Петре Шилегов, гради во Карпош без документи, а од јавноста ги крие фирмите кои веќе половина година работат тука кај него, нагласува Стоилковски.
Според него Скопје пропаѓа, затоа што Петре Шилегов е посветен на личен луксуз.
Скопје пропаѓа, а Шилегов гради луксузни вили за себе, затоа што гради дивоградби во Скопје, затоа што купува возен парк од 130.000 евра. Скопје пропаѓа, а Шилегов зголеми имот за речиси половина милион евра.Скопје пропаѓа, скопјани го казнија Шилегов и неговиот луксуз без документи. Нема полошо од СДСМ, за Скопје нема полошо од Шилегов, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.