Утрово малку пред 8 часот на заедничкиот паркинг за вработените во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и во дирекцијата на Алкалоид, автобус кој излегува од паркиралиште за а влезе во сообраќај закачил две приватни возила сопственост на некои од вработените. Штетата е повеќе од очигледна, но и условите во кои возачот на автобусот треба да се избори за педа улица, исто така.

На толку решавање на сообраќајните проблеми во градов, изгледа само проблемите остануваат. Премногу возила, премалку простор, неефикасен јавен превоз, немање услови за ефикасен јавен превоз… и сè така во круг.

Фотографиите се објавени на Ѕидот на сообраќајниот срам, а коментарите се движат од возачот на ЈСП не застанал да види што направил до застанал и го барал сопственикот, од тука не е паркинг до алал нека му е, прав шофер.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.