Од денеска на две локации во Скопје, во Карпош и Лисиче, два уреди ќе собираат податоци за квалитетот на воздухот 24 часа на ден во текот на наредните 12 месеци.
Со ова почнуваат теренските истражувања во рамки на Студијата за пропорционирање на загадувачите и се очекува анализата на податоците од овие уреди прецизно да ги открије поединечните извори на загадувањето на воздухот во главниот град, објави „360 степени“.
Собраните примероци од уредите поставени во Карпош – урбана област и Лисиче – област со индустрија, сообраќај и резиденцијална зона, кои ќе земаат агрегирани 24 часовни примероци на ситните фракции на честички ПМ 2,5 ќе бидат анализирани со користење на референтни методи и строги аналитички протоколи и врз основа на тоа ќе бидат изработени модели кои овозможуваат поврзување на измерената маса на поедини загадувачки материи на дадена локација, со групи на извори на загадување“,-велат од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) која го спроведува овој проект.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.