Мерката за бесплатен автобуски превоз, која беше прогласена во понеделникот, од денеска се укинува и престанува да важи, соопшти Град Скопје.

Одлуката вчера беше донесенa поради подобрување на состојбата со загаденоста на воздухот и по добиено  известување од Министерството за животна средина и просторно планирање, а врз основа на  податоци од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух.

Мерката за бесплатен јавен превоз во главниот град беше активирана на 27 декември откако два дена последователно беше надминат прагот на алармирање за ПМ10 честички во воздухот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.