Општина Илинден и компанијата „Аспектус Фарма“ ДОО експорт-импорт потпишаа Меморандум за соработка во областа на образованието.

Како што информираат од општината, целта на оваа иновативна и кооперативна компанија е да се обезбеди практична настава и обука во сопствените капацитети за учениците од средното општинско стручно училиште „Илинден“.

Меморандумот за соработка го потпишаа градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски и генералниот директор на Аспектус Фарма, Константин Фраленкоу.

Потпишувањето на овој Меморандум за соработка произлезе од потребата за соработка на општина Илинден и бизнис секторот во областа на образованието, како една од најзначајните области за развој, подигнување на нормите, вредностите и стандардите во образованието, како и подобрување на квалитетот и ефикасноста на стручното образование во Средното општинско стручно училиште „Илинден“ – се наведува во соопштението.

Вакви меморандуми општината веќе потпиша и со компаниите Витек Македонија ДОО, Кемет Електроникс, Аптив Сервисес Македонија, Џагатај Кабло, АРЦ Аутомотив Македонија, Јоки, МЕПСО, ОКТА, Џонсон Мети, Ван Хол и Вабтек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.