„9 илјади денари плата. 3 месеци плата не ни дадовте, Шилегов. 3 месеци плата не ни дадовте. 3 месеци плата не ни дадовте“, вели еден од работниците кога денеска го сретна градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во Чаир, објави ТВ 21.

По кратко време пристигна и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

Ганиу вели дека немало доцнење на платите и дека се исплатувале навреме, додавајќи дека минималната плата е одредена со претходниот буџет.

„Платата за сезонските работници е 9 илјади денари. Таа е одредена со претходниот буџет со предвидената програма. За наредниот буџет во тек е подготовката и ќе има покачување на платите“, вели Висар Ганиу – градоначалник на Чаир.

Општина Чаир ја осуди денешната објавена вест на TV21, велејќи дека платите на сезонските работници се редовно исплатени.

За да го докажеме тоа ги повикуваме сите медиуми да дојдат во Општина Чаир и да извршат увид во изводите од реализираните исплати на платите за сезонските работници во последните три месеци на вработените кои денес искажаа невистини. За објавените невистини ќе ги преземеме сите предвидени законски мерки.

Во етиката на новинарското работење на секој медиум е секое верифицирање на фактичката состојба да се изврши на аргументиран начин и да не се објават вести во служба на манипулативниот сензационализам, се вели во реакцијата на општина Чаир.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.