Новогодишната елка што е поставена на плоштадот „Македонија“ ќе светне вечер во 19 часот, како предвесник на новогодишното празнување во Скопје.

Поради пандемијата од корона вирусот, оваа година светнувањето на новогодишната елка во центарот на градот ќе биде симболично. Градот Скопје апелира до граѓаните кои ќе бидат затекнати на плоштадот, да ги почитуваат препорачаните мерки за заштита, да носат маски и да го одржуваат пропишаното растојание, соопштуваат од Градот.

На плоштадот „Македонија“ вечер ќе присуствува и градоначалникот Петре Шилегов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.