Овој викенд (22 и 23 декември), во Зоолошка градина Скопје првпат ќе се одржи дводневна забава за деца – „Новогодишна ЗОО Бајка“. Од 12 до 16 часот најмалите посетители ќе имаат можност да уживаат во богата новогодишна програма и во двата дена.
Во сабота и недела од 12 часот е закажана претставата „Новогодишно чудо“ со Дедо Мраз, а потоа Дизни јунаците Мики, Мини и Олаф ќе делат подароци за секое дете. За крај, во едукативниот центар е планирана проекција на анимирани филмови ( Zootopia и Frozen). Влезниците се по цена од 100 денари (за деца и возрасни) и може да се набават на билетарницата на Скопје ЗОО, секој работен ден, како и за време на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.