Новиот градоначалникна Општина Гази Баба, Бобан Стефковски преку официјалнара страна на „Фејсбук“ информираше дека се откажува од користење на служено возило, како и од трошење на средствата во буџетот наменети за репрезентација.

Ја информирам јавноста дека како градоначалник на Општина Гази Баба се откажувам од користење на службено возило и истото го давам на користење на администрацијата, со цел поефективно вршење на работите во интерес и за граѓаните на Општина Гази Баба. Истовремено се откажувам и од трошење на средствата во буџетот наменети за репрезентација. Парите во буџетот се на граѓаните и истите треба да се трошат единствено за реализација на проекти за подобрување на животот на граѓаните, сподели Стефковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.