НОВА ја затвори градинката, основното и средното училиште и децата се пуштени на распуст кој ќе трае до 24 март.

Досега во Македонија од коронавирусот се заболени седум лица и сите се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и според МЗ се во добра здравствена состојба.

Учениците, студентите и децата од градинките ќе бидат 14 дена на принуден распуст, дознава „Република“ од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство. Комисијата заклучила дека треба да се зајакнат мерките на превенција и упатува сите основни, средни и воскообразовни институции, како и детски градинки да запрат со одвивање на наставно воспитниот процес во следните 14 дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.