Со коментар Ниту еден скандал не може да помине без #Шилегов…, Фејсбук групата Скандал во неколкуминутна снимка потсетува на изјавите на Шилегов за сексуално образование на младите, но и на законските обврски на финансиерот градот Скопје да ја контролира работата на невладината организација која ја финансира, во случајов извидничкиот одред.
На прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ портпаролката Марија Митева обвини дека со прекинувањето на договорот со Првиот скопски извиднички одред и со оградувањето од активностите кои предизвикаа жестоки реакции во јавноста градоначалникот Петре Шилегов дава директно признание и докажа дека стравува од одговорност за тоа што Град Скопје е донатор на вакви проекти.
Поради скандалот кој се случил во извидничкиот камп во моментот малолетно девојче посетува психолог поради трауми, организаторите на настанот се повикани на распит, а Шилегов само тивко се обидува да ја одбегне одговорноста која ја има како донатор на проектот. Дополнително, Шилегов се обидува да ја манипулира јавноста со тврдења дека во проектната документација доставена до Град Скопје ја нема наведено спорната активност ниту имаат доставено каква било информација која би укажала на одржување на истата. Согласно извештајот на веб страната на Првиот скопски извиднички одред може јасно да се види дека во 2019 година градот Скопје бил донатор на истиот овој проект. Шилегов како градоначалник е должен да биде отчетен пред скопјани за тоа каде и како се трошат средства од градската каса. Шилегов има обврска да даде одговор дали се информирал за тоа кој е обучувач за сексуалното образование кое го нуделе на младите, од каде добиле дозвола за негово спроведување, колку време се спроведува оваа обука, како во детали изгледале активностите, дали се изведувани повеќе години наназад и која е целта на кампот, праша Митева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.