Скопје, Белград и Загреб испаднаа од трката за Зелена престолнина на Европа за 2023 година, додека Софија влезе во финалето на ова натпреварување. Софија се најде во финалето заедно со уште три града – Хелсинборг (Шведска), Краков (Полска) и Талин (Естонија). Освен Белград, Загреб и Скопје, од понатамошното натпреварување испаднале и Каљари (Италија), Даблин (Ирска), Газиантеп (Турција), Гдањск (Полска), Измир (Турција), Кошице (Словачка), Логроњо (Шпанија), Жешов (Полска) и Варшава (Полска), јавува Порта3.
Четирите финалисти, во завршната фаза од натпреварувањето ќе имаат задача да го убедат меѓународното жири дека се сериозно посветени на одржливиот урбан развој и дека имаат капацитет да бидат пример за другите градови, стои во соопштението на Генералниот директорат за животна средина на Европската комисија.
Во декември 2017 година се уште актуелниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов најави дека Скопје ќе биде европска зелена престолнина во 2021 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.