Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната посета во општина Центар одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар во однос на навредите од страна на поединци блиски до врвот на власта на СДСМ врз кандидатката за градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска, посочи дека во отсуство на аргументи што да кажат се служат со примитивизам, како и дека ова е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ има добри кандидати и идни градоначалници штом немаат што лошо да кажат освен навреди на лична основа.
Па знаете кога нема аргументи, тогаш за жал се оди со примитивизам. Кога нема што друго да се каже се коментира дали некој е маж или жена. Очигледно немаат аргументи, немаат што да кажат, очекувам и слични навреди и за професорката да се случат затоа што е тоа е тоа единствено кое што можат да го направат, за кое што зборува на кое ниско, долно ниво и примитивно ниво се. Сакаат да се претстават како урбани ликови, како граѓанска партија, но во суштина се едни тешки примитивци и нема други зборови освен овие што ги користам за да се одговори на тој примитивизам кој што го користат. Но, тоа е најдобар доказ дека имаме добри кандидати и идни градоначалници штом немаат што да кажат освен лични навреди, вели Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.