Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој оствари средба со граѓаните на општина Сопиште изјави дека посетата е во рамки на теренските активности на партијата.
Николоски истакна дека се сретнал со градоначалникот, како и дека ќе имадиректни средби со жители од населените места од општината со кои ќе разговара за актуелната состојба во државата.
Можам да кажам дека општина Сопиште е пример како може да функционира една општина кога има добар менаџмент и навистина би сакал да го пофалам градоначалникот, кој е еден добар пример како кадрите на ВМРО-ДПМНЕ го реализираат она што е ветено во програмата.
Општината се развива исклучително добро во моментов има и големи проекти пред себе, само тука имаме два значајни проекти. Едниот е изградба на нова детска градинка, а вториот е изградба на Културен дом, што зборува за посветеноста и работата на градоначалникот и на целата општинска администрација.
Она што исто така е за пофалба, е што целокупната општина се развива и навистина овдека гледаме дека се создава еден нов мал град – истакна Николоски.
Тој истакна дека во следниот период ќе продолжат со посетите на општините низ Македонија и врз основа на тие посети ќе ја сработат и програмата на ВМРО-ДПМНЕ за следните локални избори во која што фокус ќе бидат проектите и она што е потреба на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.