Кандидатот на СДСМ за Аеродром, Филиповски живее на Водно, а не во Аеродром, во хациендите изградени од браќата Филиповски кои го пропаднаа ОХИС и македонското стопанство, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, при посетата на општина Аеродром потенцирајќи дека со СДСМ се уште владее олигархијата која на овие избори ќе биде поразена.

Николоски истакна дека Филиповски практично по пошта е пратен во Аеродром и менува адреса на крајот на март оваа година со цел да биде кандидат за градоначалник на Аеродром.

На Водно живее цел живот во една од најпознатите хациенди во Македонија, тоа се првите две хациенди кои се изградија на Водно во 90-тите години од криминалната олигархија на СДСМ и криминалната приватизација, рече Николоски.

Тој додаде дека тие две хациенди се изградени од браќата Филиповски, од кои едниот беше министер за економија, а другиот директор на аеродромот и едниот го пропадна „Охис“, а другиот македонското стопанство.

Тие и во криминалната приватизација се стекнаа со огромно богатство кое прво го инвестираа во две хациенди на Водно, од кои во едната сега живее актуелниот кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром, а после тоа го инвестираа и во други „бизниси“ како „Стоп и Го“ сопственост на актуелниот кандидат за градоначалник, скапи коли, хациенди на Галичник. Ова само покажува дека криминалната олигархија се уште владее со СДСМ, нагласи Николоски

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.