„Никна“ праз во фонтаната која се наоѓа во близина на ТЦ Бисер во Општина Аеродром, а која беше затрупана со земја за таму да бидат насадени цвеќиња и зимзелени дрвца.
Аеродромци се мајтапат со градоначалникот Златко Марин по социјалните мрежи.
Аеродромскиот Илон Маск – Златко Марин од фонтана направи цвеќарник. Иноваторство на ниво! Затоа и некои друго иноватори посадија праз. Изум на ниво😂 pic.twitter.com/InSYGwS1VI
— Чичо Боем (@konzervativen) May 12, 2021
После затрупувањето, фонтаната е и успешно посадена со праз. Да, праз, зошто само празна глава може ова да го направи. #Златко, имаш ли памет?“ стои во објавата на Фејсбук која предизвика бурни реакции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.