Не случајно се вработува администрација пред изборите. Овие вибер пораки се уште еден доказ за тоа како функционира репресивниот режим на Зоран Заев и Петре Шилегов.
„Присуството е задолжително“ и „се подразбира сигурно доаѓање“ на партиски митинг ако сте вработени во Меѓуопштиснкиот центар за социјални работи во Скопје. Во пораките тоа го потврдува и директорката на Центарот, Наташа Станојевиќ.
Директорката на Центарот, кој е под капа на Министерството за труд и социјална политика, со кое раководи Јагода Шахпаска, работното време на административците им го троши за потписи за „сигурно доаѓање“. Па така, ако не можете да завршите работа во центрите, знајте – по канцеларии се спроведуваат партиски директиви „од централата“, се врши притисок врз вработените од надредена позиција, се собираат потписи за задолжително правење гужва на митинзите на Зоран Заев, Петре Шилегов и Душко Весковски.
Овој митинг се одржа во салата „Борис Трајковски“, а овие пораки значат дека тој капацитет бил преголем залак за слабата заинтересираност за „Најдоброто за мојата општина“.
Гледаме колку најдоброто е добро, но ќе видиме ли брза реакција на обвинителството и Антикорупциска за овој случај? Ќе им застане ли некој на патот на овие партиски силеџии, кои не ја оставаат администрацијата да работи? Не се гласачи само вработените на државните јасли. Гласачи се и оние кои со часови дремат пред вратите на институциите за на крајот да не си ја завршат работата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.