Благодариме што Шилегов макар делумно го поддржа проектот на Данела, но сепак Данела ќе спроведе целосен јавен превоз. 10 дена ја напаѓа Данела дека е невозможно, а сега, во среде кампања и тој го ветува истото. Неискрено и потценувачки за граѓаните. Знаеме дека Шилегов нема идеи, и не знае што да прави, но лицемерие е прво да се напаѓа нешто, а после да се предлага половично како свое – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Шилегов денеска посочи дека бесплатен јавен превоз покрај средношколци и студенти ќе добијат сите кои се во процес на образование во Скопје.
На сите постдипломци и докторанди кои студираат на државните универзитети во Скопје им овозможуваме бесплатен превоз во градските автобуси. Со тоа ги поттикнуваме да бидат поактивни во своите обврски и релаксирани во планирањето на својата мобилност низ градот, додаде Шилегов.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека Шилегов веќе е свесен дека напразно ги потроши четири години мандат.
Тој ќе остане запаметен како најнеспособниот градоначалник на Скопје. А неговиот тунел под Кале сите ќе не потсеќа на времето кога од ракав се тресеа ветувања без реално да се размислат.Колку и да ги краде и копира ветувањата на Данела, на скопјани им е јасно со Шилегов нема иднина, со Шилегов нема проекти. Данела има визија и конкретна програма, Петре има само арогантна желба да остане политичар. Но тој е само мафијаш кој мести тендери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.