Во моментов се наоѓаме на улицата „Тодор Чангов“, една од најпрометните улици во населба Лисиче, општина Аеродром. Она што можеме да констатираме од терен е дека властите не потфрлија само во една работа, а тоа е во нивната неспособност, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
Жално е ова што му се случува на Скопје! Најави за снежна покривка имаше пет дена наназад. Но, изгледа скопските градоначалници ова не го очекуваа или едноставно толку можат. Вчера бевме сведоци на непроодни улици, за жал сведочевме и на сообраќајни незгоди поради лизгавите патишта. Ситуацијата беше иста во сите општини. Во општина Аеродром граѓаните немаа проодни патеки, а уште помалку проодни беа и главните улици и булевари. Иста слика и во општина Карпош, Кисела Вода, Центар, Ѓорче Петров и Гази Баба. Заглавени возила по коловозите, непристапни пешачки патеки, а механизацијата со која толку се фалеа градоначалниците ја нема никаде! Ве прашуваме каде се службите, каде е механизацијата на градот?, прашува Митева.
Таа додава дека градот Скопје е блокиран и непроооден при првиот снег. Градот Скопје троши милиони евра за чистење на снег, кој како што можете да видите воопшто не е исчистен. Снегот можеби ќе ја сокрие нечистотијата на градот, но ќе ја извади на површина неспособноста на Шилегов. Ништо подобра не е ни состојбата со државните, регионалните и магистралните патишта низ државата.
За ваквото неодговорно однесување, за ова неработење и за ова недолично однесување граѓаните ќе ви возвратат културно на локалните избори оваа година. А, казната за несовесно вршење надзор врз сообраќајот се наоѓа во член 299 од Кривичниот законик. Но, тоа во некои други времиња кога законите нема да бидат само мртво слово на хартија, туку ќе важат подеднакво за сите!, вели Митева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.