Од ден на ден СДСМ и нивниот кандидат за градоначалник за општина Бутел, кој е е и актуелен Велимир Смилевски ја губат довербата кај населението во општината. И тоа е случај кај сите без исклучок Македонци, Албанци, Турци, Роми, Бошњаци, Срби. Тоa е резултат на тоа што пред изборите во 2017 година СДСМ и Смилевски сервираа само лаги, а граѓаните не видоа ништо во изминатите четири години од неговиот мандат. Во општината она што е видливо особено во првата недела од кампањата е поддршката која граѓаните ја даваат за кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски и носителот на листата за советница во општината, доктор Игор Николов.
Оттука не прекинуваат лагите кои СДСМ, Смилевски и неговата екипа и ги сервираат на јавноста, а сето тоа како резултат на нервозата затоа што граѓаните јасно им велат не одамна, а и сега во изборната кампања. Прво беше објавено дека огранокот на Алтернатива во Бутел ја дава поддршката на СДСМ во општина, па Алтернатива демантираше.
Сега во јавноста се појави монтирано видео или на видео залепен е звук.
Колку што јас се сеќавам оваа снимка е од 2016 година, ако е автентична нивната звучно монтирана снимка, зошто тогаш не била објавена на парламентарните избори при крајот на 2016 година или на локалните избори во 2017, или пак на претседателските и парламентарните избори во 2019 и 2020 година? – пишува на својот фб профил кандидатот за градоначалник на општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски.
Во својот фб пост тој и додава „зарем има здраворазумен човек во државата што ќе поверува дека една врвно сериозно организирана политичка партија како ВМРО-ДПМНЕ ќе скандира нешто слично на тоа што го намонтираа немоќните криминални банди на Смилевски?“
Она што загрижува е лиферувањето на лажни вести од самиот старт на кампањата кои се резултат на нервозата.
Што уште можам да очекувам, до каде ќе ви оди лудилото? Знам дека нема да застанете тука, но тоа само дополнителни ме мотивира“, прашува во својот фб статус Костовски, постирајќи го оригиналното видео, или запознавајќи ја јавноста со вистината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.