Црвен тепих, свечени столици, знамиња, војници, гарда пред зградата на Владата денеска. Вработените се надвор и ги „надгледуваат“ работите. Нема поважна работа од ова утре. Минувачите, кои љубопитно ѕиркаат, се прашуваат каков настан е во тек.
Всушност, се работи за генерална проба пред утрешното поставување на знамето на НАТО на влезот на владината зграда.
Подготвителни активности на платото пред Владата за церемонијата на подигнување на знамето на НАТО пред Владата, објаснуваат од Владата.
На генералната проба пред Влада има повеќе луѓе отколку што во било кој работен ден можете да затекнете внатре во Влада. Минувачите збунето прашуваат што се случува. Генералната проба вклучува и редење на столици, кои додека го пишуваме текстот веќе се отстрануваат, а утре повторно ќе бидат редени. Или поинаку кажано – циркус пред Влада.
На свечениот пречек на натовото знаме се работи од рано наутро, кога од владината фасада беше отстранет натписот „Владата на Република Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.