Неподнослива смрдеа се шири од пожарот кој попладнево избувна во округот на фабриката „Охис“. Засега не е познато што гори или како избувнал пожарот.

Од безбедносни причини веќе неколку часа затворен за сообраќај е булеварот „Борис Трајковски“ кон населбата Драчево, а возилата се пренасочуваат кон Лисиче, што создаде колони на возила и гужва во тој дел од градот.

Се очекуваат повеќе детали наскоро.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.