На денешната седницата на Советот на Град Скопје градоначалникот Петре Шилегов рече дека наскоро во јавноста ќе биде презентиран концептот за новиот изглед на центарот на Скопје, за што бил распишан меѓународен повик.
Немам намера да го завршам мандатот без да го направам центарот онаков каков што треба. И нема да биде како што сака градоначалникот Шилегов туку решението ќе го изработат еминентни светски архитекти и добитничка на наградата „13 Ноевмри“ за архитектура Даница Павловска. Изгледот на Скопје изминатите 7-8 години е ужасно нарушен. Со новиот концепт кој го најавив за претворање на центарот во пешачка зона ќе бидат опфатените и фасадите на зградата на ‘Пелагонија‘ и зградата на ЕВН. Овие две згради успеавме да ги спасиме од барокот кој им го предвидуваше минатата власт. Сега ќе добијат автентична фасада, рече Шилегов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.