Каде е тунелот под Кале, каде е ветениот забавен парк, се врати ли спортско – рекреативниот центар Треска на граѓаните, се ревитализираше ли тој за скопјани, езерото Треска е изградено со самопридонес од граѓаните, тоа нам ни припаѓа, тоа не е ничија своина за да го присвојува, а видовме дека не се знае ни како да се ревитализира, ниту да го реновираат, не пак да го вратат на скопјани, критикуваше Данела Арсовска, независната кандидатка за градоначалник на градот Скопје, вечерва на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Центар.

Арсовска вели дека за Универзална сала се најави реконструкција во ноември минатата година, па во март годинава повторно се најави реконструкција, а денеска сеуште нема реконструирана сала по четири години ветување, но овие работи ги нема никаде затоа што Скопје имаше „ќе“ градоначалник, кој ќе работеше и кој сега повторно ветува дека ќе ја реконструира Универзалната сала.

Скопјани кои секојдневно функционираат и живеат, на 17-ти октомври нема да дозволат овој терор да му се повтори на градот Скопје, вели Арсовска.

Таа посочи дека Скопје конечно ќе го водат професионалци, кои чесно ќе работат за подобар и модерен град, а Скопје треба да биде град кој ќе има мотивирана градска администрација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.