Како да нема пандемија – така навечер изгледа плоштадот „Македонија“ во Скопје, каде голем број на граѓани се шетаат околу поставените украси и новогодишната елка. Додека цела Европа се затвора и се откажани секаков вид на традицинонални новогодишни базари и славења, во Скопје е како и секоја друга година.

Иако Владата одлучи да ги забрани сите настани за претстојните празници под отворено небо, во центарот се поставуваат дрвените куќички кои изминатите години се поставуваа како дел од проектот „Винтерленд“.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој дозволил да се постават овие куќарки, за „Алсат“ тврди дека плоштадот е местото каде луѓето можат најмалку да се заразат.

Друга мерка против ковид-19 е забраната за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор, но властите велат дека останува во совеста на граѓаните да ги почитуваат.
Од Министерството за внатрешни работи за „Алсат“ велат дека не е возможно полицијата да ја спроведе забраната за собирање на повеќе од четири лица на плоштадите и дека досега не се изречени казни за тоа дело.

Во сила е и препораката да не се излегува без потреба по 21 часот, а од утре таа ќе гласи за од 18 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.