Да беа посветени на работа за реконструкција на Универзална сала, досега наместо неколку прескоференции со различни Министри и владини претставници ќе беше завршена реконструкцијата. За жал денеска сеуште после три и пол години од мандатот на Петре Шилегов, сеуште немаме Универзална сала, но уште поважно и потажно е тоа што скопјани и по завршување на четиригодишниот мандат на Петре Шилегов, нема да имаат можност да уживаат во Универзална сала.
Имено, со оваа реконструкција која што ја најави пред избори колку да го замајува народот, предвидено е во таа прва фаза да биде реконструиран само надворешниот дел, односн кровот и фасадата на Универзална сала.
Петре Шилегов во 2017та вети дека 50то издание на “Златни славејчиња” ќе биде во Универзалната сала, а не шест месеци пред избори да ветува реконструкција на кров и фасада!, напиша на Фејсбук, Владимир Нелоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.