ГТЦ во Скопје ќе добиел зелен покрив, што било дел од проектот со кој Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе го поддржи Градот Скопје во спроведувањето на Стратегијата за климатски промени – Отпорно Скопје, пишува порталот специјализиран за градежништво, архитектура и екологија Порта3 .

Понатаму авторот продолжува: Е сега, да се потсетиме дека никој не измислил топла вода кога одлучил на кровот на ГТЦ да има зеленило. До приватизацијата на објектот (кога беа парцелисани големите трговски единици и скапо продадени, а во сопственост на Јавното претпријатие АДСДП останаа пасажите и по некој локал со што претпријатието е и доминантен сопственик на објектот) на кровот на ГТЦ со години имаше оранжерии за цвеќиња на претпријатеието „Паркови и зеленило“ од Белград. Во медиумите се појавија лошо и наивно изработени 3Д рендери кои се недоречени.

Останува нејасно што се предвидува и зошто, зошто нема јавен конкурс, кому се наменети предвидените содржини кои во и оклу објектот ги има само треба да се доведат во добра состојба и одржуваат, кој ја составил програмата, кој го изработил проектот (ако воопшто и го има), што значат тие тежини и вода за постоечката конструкција. Во меѓувреме треба да се договориме сакаме ли, може ли ГТЦ да биде културно наследство. А најнејасно е зошто го гушкавме ГТЦ? Убаво звучи дека сме го спасиле ГТЦ, но секогаш ќе остане дилемата дали го спасивме ние или им снема време да го направат. За да нема забуна, дилемата дали ние го спасивме е поради се она што понатаму му се случува на градот и поради немање храброст да се постапува и одлучува по проектот Скопје 2014, за кој единствено и може да се решава радикално, а за волја на вистината потребни се смели одлуки веднаш. Кога ова ќе се случи ќе може да кажеме дека сме го спасиле, а дотогаш ќе се смета дека времето го спасило на кое и онака објектот останува препуштен.

ГТЦ го гушкавме за да остане автентичен и да се прогласи за културнои наследство, а тоа значи да се реставрира и да се остави на мира, да не му се прави на објектот ништо повеќе и ништо помалку. Гушкањето на ГТЦ воедно е и симбол на борбата против Скопје 2014. ГТЦ го гушкаа и деца и возрасни, некои го гушкаа затоа што гоа сакаат, некои ради имиџ, спомени, поради стручност и морал, а некои за политички поени.
А бидејќи се декларираме за што повеќе јавни содржини, рекреација и културно-забавен живот, зеленило, подобрување на квалитетот на воздухот во непосредна близина на ГТЦ, една улица ги дели, има локација на која се ова може да се предвиди.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.