Не стивнува тензијата меѓу инвеститорот и жителите од населбата Пржино, каде на крај на слепа улица треба да никне зградата.

Во знак на револт, уличката уште синоќа, доби нов изглед. Со црни букви на бела боја, жителите ги испишаа зборовите, почит, маало, жители, право, ДУП, ред… Тие остануваат на ставот дека изградбата на објектот е незаконска.

Но и покрај барањата на жителите, камионите и денеска возеа по истата рута.

Инвеститорот пак останува на ставот дека ги има сите потребни докумени за изградба на зградата. Но и дека гради согласно детално урбанистичкиопт план.

Тензично, со присуство на полиција, било и синоќа кога инвеститорот со кола ги изгазил реквизитите на жителите кои се против изградбата на зградата.

 

извор: Скопје инфо



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.