Не само што се гради дивјачки, него и дивјачки на 40+ температури се ескплоатираат работници, предупредува акривистот Ивор Мицковски, споделувајќи фотографија од градежните активности кај Старата железничка станица во Скопје.

Пред неколку дена медиумите предупредија дека зградите над трасата за подземната улица на Јужен булевар во Скопје никнуваат, а планираната подземна улица уште не е готова. При презентацијата на проектот уште во 2012, беше кажано дека турскиот инвеститор „Лимак“ прво треба да ја изгради улицата, а потоа објектите над неа.

Зимата на ова градилиште беа откриени стотина илегални работници, без работна или дозвола за престој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.