Доста е од профитабилна урбанизација на сметка на паркови и зелени површини, порачуваат граѓаните од Ѓорче Петров.

-Близу местото каде што се планирани две станбени згради согласно прифаќањето на иницијативата за промена на деталниот урбанистички план за ова подрачје (ул. Шидска, полициска станица) се наоѓа мерачот за загаденост на воздухот кој руши рекорди. Само еден е реонски парк во Ѓорче Петров и со овие згради значително ќе се намали и така ретката зелена “оаза”. Ние, граѓаните на Ѓорче остро ќе се спротивставиме на оваа идеја со сите расположливи правни средства. Имаме поддршка и од неколку еколошки друштва кои ќе ни помогнат со своите иакуства за да го спасиме паркот, порачуваат тие, преку Фејсбук групата Ѓорче Петров.

Граѓаните со порака до градоначалникот: ДОСТА Е ОД ЗГРАДИ! АЈДЕ ДА ГРАДИМЕ ПОВЕЌЕ ПАРКОВИ! НЕ САКАМЕ ЗГРАДИ, САКАМЕ ПАРК!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.