Речиси една недела не работи ниту еден од четирите лифтови во зградата на Македонската Радио Телевизија каде се сместени и други органи и министерства. Вработените, но и граѓаните кои имаат потреба од услугите на институциите кои се сместени во зградата на МРТ мораат да пешачат по неколку катови за да завршат работа, јавува Макфакс.

Пред лифтовите се поставени метални препреки и ленти, кои сигнализираат дека лифтовите не работат. Вработени во службите кои се сместени во зградата на МТВ велат дека до неодамна работел само еден лифт.

Лифтовите се исклучени за да се поправат по настанатата штета минатата недела во поплавата. Поправката ќе заврши во текот на наредната недела, изјавиле од Службата за општи и заднички работи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.