Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, во дебатата на Телевизија 24 со другите кандидати, истакна дека на Скопје му е потребен брз, безбеден и ефикасен јавен транспорт со цени достапни за граѓаните, дури и бесплатен, а не 100 милионски проект кој не е изводлив и на кој му се потребни многу години до реализација.
Таа посочи дека во Скопје владее сообраќаен хаос, граѓаните не користат доволно јавен превоз бидејќи тој не ги задоволува стандардите и не можат безбедно и навремено да стигнат од една до друга дестинација.
– Не е навремени, не е безбедно, не е сигурно и не е доволно во интервали во колку треба да биде. Има локации кои се недостапни за јавен превоз и луѓето пешачат со километри да стигнат до автобуска постојка, за да користат јавен превоз, изјави Арсовска.
Таа потенцираше дека тоа ќе се промени и граѓаните на Скопје ќе добијат брз, квалитетен и безбеден јавен превоз со пристапни цени за граѓаните.
– Не треба да се фокусираме на 100 милионски проекти кои не се изводливи, и ќе требаат години додека да се реализираат. На граѓаните им се неопходни брзи решенија, нема време за чекање. Потребен е брз и сигурен транспорт кој ќе биде сигурен и достапен, во кој цените ќе бидат достапни, а јас би рекла и бесплатен јавен за да се мотивираат граѓаните да ги остават автомобилите и да користат јавен превоз, истакна Арсовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.