Скопјаните Александар (36) и Мартина Станоевски (24) во петокот го кажаа судбоносното „да“ во канцеларијата на Управата за водење на матични книги, зад хотелот „ Стоун Брич“, кај Камениот мост, пренесува весникот „Вечер“. Скромно, без некоја помпа, решија да ја крунисаат својата љубов, велејќи дека не ги плаши коронавирусот и токму заради тоа не ја откажале венчавката која им била претходно закажана.
Ова е само една потврда дека во метрополата и понатаму продолжуваат да се склучуваат бракови, иако во намален обем. Матичарката Цена Ангелковска вели дека тие имаат работа и додека трае кризата, па браковите се склучуваат секоја среда и петок.
Целиот текст на „Вечер“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.