Не можам да очекувам ништо повеќе од човек кој е исклучително самобендисан и човек кој кажува се што сака другите да слушнат, но ништо не испорачува. Секој проект што го најави има тараби, а нема никаква активност и не се работи ништо на тие проекти, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Заспиј ако можеш“ на Алфа Телевизија.

Мицкоски истакна дека иако сега го натерале предизборно Шилегов да се прави емотивен пред граѓаните, сепак делува смешно бидејќи тоа не е тој и се гледа дека не е во своја кожа, бидејќи во реалноста е самобендисан кој ништо не работи.

– Имаше проект кој требаше Илинденска да ја продолжи преку Вардар и да продолжи до Ѓорче Петров, но од тоа ништо нема, а затоа сака на делови да го вади мостот Обединети нации, главната булеварска комуникација со Влае и Ѓорче Петров. Секој проект што го најави има тараби, а нема никаква активност, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека сите овие проекти и да се ревидирани и да се има пари, толку започнати проекти со тараби на кои ништо не се работи е невозможно да се завршат за два месеци бидејќи нема толку капацитет.

– И да ги има сите пари за тие проекти и да се ревидирани, од тоа што гледаме тараби како Универзална , мостот во Карпош, булевар Борис Трајковски, секаде каде што има тараби а ништо не се случува, во ист момент нема толку луѓе да ги завршат, требало со време да мисли, а дека ќе се завршат наеднаш е брутална лага. А сега 2-3 месеци пред избори пушти изгреби улиците, земи по едно евро од квадрат асфалт, една фирма најчесто е понудувач на договорите. Сето тоа го имаме кое е дел во главниот град на земја која претендира да биде дел од ЕУ, потенцираше Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.