Камион на градежна фирма која гради позади трговскиот центар „Рамстор“ утрово искрши дрво, откако не можеше да влезе на градежниот објект. Дрвото е целосно уништено уште од самиот корен. Станува збор за едно од ретките дрвја преостанати во Паркот на новинарите.

Урнатото дрво, пак, паднало врз еден од автомобилите паркирани таму и предизвикало голема материјална штета. Дополнително, сè уште трае огромната гужва предизвикана од целиот инцидент.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.