„Балкан енерџи“ утрово испрати апел до корисниците да не го исклучуваат парното поради опасност од замрзнување.

„Во врска со метеоролошките најави за следниот период кои предвидуваат екстремно ниски температури, апелираме до потрошувачите на системот за централно греење во индивидуални станбени објекти-куќи, деловни објекти и објекти за образование, целосно да не го исклучуваат греењето поради заштита на грејните инсталации од замрзнување“, апелираат од Топлификација.

За сите потребни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.