Не е загрозена почвата бидејќи излевањето се случувало во танкваната, еден вид када, во кругот на фабриката. Сега се собира водата во посебни садови. Станува збор за околу 7 тони вода, која е контаминирана бидејќи со неа се миеле хемикалиите“, велат од Инспекторатот на Министерството за животна средина за САКАМДАКАЖАМ.МК
Попладнево, при миење цистерни преку кои се вршело препакување на хемикалии од кругот на фабриката „Охис“ се излеала водата, па поради тоа во овој дел од градот се чувствува непријатна миризба, велат од Министерството за животна средина. Инспектори од Министерството и Град Скопје вршат увид на лице место заедно со екипи од МВР и Дирекцијата за заштита и спасување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.