Шефот на кабинет на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, бара извинување од актуелната градоначалничка на град Скопје Данела Арсовска, во спротивно – најави тужба за клевета.
Наумоски на Фејсбук ги демантира како невистини наводите на Арсовска изнесени во неодамнешно интервју дека тој трошел службени пари во кафани и бројните злоупотреби кои се направени додека бил шеф на кабинетот на Шилегов.
Арсовска не ми го потпишува решението за отказ, иако првично бараше емаилот за отказ да и го дадам на хартија. Сега ме клевети дека сум бил на боледување. Наместо да го цени тоа што џентлменски ослободувам висока раководна позиција во администрацијата, каде може да постави свој близок соработник, што не останувам во администрацијата за да добивам плата од буџетот (како мојата претходничка), таа си обезбеди тужба за клевета.
Ама прво морам да побарам извинување.“, објави на Фејсбук, Никола Наумоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.