Според градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумоски и кандидат за уште еден мандат од коалицијата СДСМ, локалната самоуправа подразбира реален, непосреден пристап со граѓаните.

„Оттаму и мојот однос и заложба да помагаме секому, затоа што Ѓорче е таква средина што ја краси заедништво“ истакна градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумоски во дебатата на Канал 5 ТВ.

„Во делот на мојот изминат мандат очигледен е развојот на општината со капитални инавестиции кои не се направени дваесет години. Во соработката со централната власт е направена најмодерна градинка во Европа, доградба на Детелника, лед осветлување во над 110 улици, канализации и водоводи и т.н.

Но, како што рече Наумоски, треба да се има предвид дека во време на неговиот мандат се случи пандемијата која го отежна работењето.

Ние имаме најтежок мандат поради пандемијата која две години го кутна светот на колена. Па сепак ние и во такви услови направивме многу проекти. Само во делот на безбедноста на сообраќајот можам да кажам дека ние го решивме кај улицата „Мирче Ацев“ каде се ставија столбови, безбеднсона ограда, сигнализација, се направи вело патека, кај улицата „Наум Чакаров“ се поставија подигнати лежечки полицајци, до Геријатрија и до основното училиште се смени сообраќајот, се направи улицата „Кузман Шапкарев“ по најголеми стандарди, рече тој и дополни: Битно ни е да се заврши безбедноста онаму каде што се движат децата, а тое е пред градинките и пред училиштата. Се прави стидија за излезот на Скопје која е црна точка а тоа е или кружен тек или со семафори но тоа ќе биде во наредниот период затоа што не може да се стигне секаде”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.