Ѓорче Петров продолжува да се развива.Со новата програма „Најдоброто за мојата општина“ го решаваме проблемот со недостиг на места во градинките, рече Александар Наумоски , кандидат за градоначлалник на СДСМ.

Градиме нова, на местото од срушената градинка во Дексион. Обезбедуваме дополнителни 150 места за згрижување дечиња. Овој современ објект ќе биде енергетски ефикасен, со еколошки систем на загревање. Градинката ќе се гради по пат на јавно приватно партнерство и ќе биде дел од повеќенаменскиот комплекс за кој Советот на општината веќе ја усвои физибилити студијата. Веднаш по завршувањето на изборниот процес, изготвениот Детален урбанистички план ќе биде ставен на гласање пред Советот, со што се отвора патот за изградба на градинката, рече Наумоски.

Тој дополни дека приоритетна обврска на приватниот партнер би била изградбата на градинката, а потоа би пристапил кон изградба на здравствениот комплекс и мини трговски центар со катната гаража.

Секое згрижено дете е успех за сите нас. Затоа продолжуваме со реализирање на капитални проекти кои значат подобар живот за граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.