Денеска на екскурзија во Сарај, две деца од училиштето Коле Неделковски биле натепани од група локални Албанчиња. Од чиста мира едното изело силна шлаканица а другото бокс во око, со крв и модрица. Ете, ќе седнеме и ќе им објасниме на децата, кои се вратја шокирани дека станува збор за локални хулигани и дека треба да се почитуваат со сите сограѓани и дека животот врви понатаму.
А кога сме веќе кај соживотот, да се одржеше некој час по соживот по сарајските училишта. Со години слушам за агресивни групи тинејџери во тој регион кои малтретираат недолжни граѓани и никој ништо не им може.
Соживот? Не знам. Јас моето дете веќе не го пуштам таму“ – напиша јавно на својот ФБ-профил мајка чие дете било на оваа екскурзија.
За сега нема информација од полицијата или од училиштето за настанот и дали ќе се превземат некакви мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.