Кандидатката за градоначалник на општината Центар, Наташа Котлар преку социјалните мрежи најави два нови проекти во Центар.
Едниот е бесплатен оброк за секој ученик од прво до четврто одделение, а вториот проект е поставување на фотоволтаици на сите општински институции.
Бесплатен оброк за секој ученик во Центар од прво до четврто одделение. Учениците ќе добиваат по еден здрав оброк на ден со специјално мени подготвено од нутриционисти. Придобивките се: поздрави деца, еднакви услови за децата, помотивирани деца во образованието.
Поставување на фотоволтаици на сите општински институции. Поставувањето на овие системи значително ќе ги намали трошоците за електрична енергија на институциите во надлежност на општината и ќе придонесе за поздрава животна средина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.