Наставник по англиски јазик пред цело одделение во училница физички малтретира ученик во основното училиште „Панајот Гиновски“ во населбата Бутел 2.
Овој случај е пријавен во полицијата.
На видеото кое е објавено на социјалната мрежа „ТикТок“ се гледа како возрасен човек тепа дете во училница. Прво му удира две шлаканици по лицето, на двата образи, одеднаш, а потоа го зграпчува и го крева во воздух и го спушта на земја.
Директорката на училиштето за „Слободен печат“ потврди дека случајот го пријавила во полиција. Наставникот повеќе години предавал во тоа училиште.
Не дозволувам насилство во моето училиште. Разговарав и со наставникот. Нема што да признава или да не признава, има видео. Мојата работа ја завршив најодговорно и пријавив во МВР. Родителите на детето се обидов да ги добијам, но биле на пат и не ми одговорија на повикот. Ќе следува дисциплинска комисија. Ученикот е во 7 одделение, а наставникот е по англиски јазик, изјави директорката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.